Обезбедување државна помош за работниците кои земаат минималец е невозможна мисија, објавува „Радио слободна Европа“.
Бизнисмените се жалат на сложената бирократска процедура за барање државна помош, синдикатите велат дека покачување на платите мора да има за работниците да не „избегаат во странство“, а владата најавува ново зголемување на минималната плата.
Фирмите се жалат дека немаат пари за покачување на платите, но податоците од УЈП покажуваат фирмите добиле државна помош само за 10 отсто од 70 – те илјади луѓе што добија покачување на минималната плата. Текстилците се жалат на комплицирана процедура на аплицирање.
Фирмите побарале државна помош за само околу 20 отсто од вработените што добија покачување на минималната плата кон крајот на 2017 година, а добиле само за половина од нив, во услови кога се жалат дека немаат пари за покачување на платите и оти тоа е сериозен удар врз бизнисот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.