Во врска со јавниот повик на сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, Народната банка, во соопштение наведува дека дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е укината на 12 август 2020 година, поради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.
Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка – наведуваат од Народната банка.
Оттаму додаваат дека при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.