Народната банка ги демантира информациите објавени на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото.

Oд централната банка велат дека девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво.

Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани – потенцираат од Народната банка.

На веб страницата на Народната банка https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx секојдневно се објавуваат овие податоци и тие се единствениот релевантен извор на информации за девизниот курс на домашната валута.

Народната банка располага со низа инструменти со коишто ја гарантира стабилноста на денарот во однос на еврото. Девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво – двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година – нагласуваат од централната банка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.