По информациите дека недостапни се услугите со платежните картички Виза и Мастеркард, од Народната банка соопштија дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент.

Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките, се наведува во соопштението.

Од централната банка информираат дека континуирано се следи ситуацијата и дека се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки.

Претходно, Македонската банкарска асоцијација информираше дека дел од услугите поврзани со картичните брендови Виза и мастеркард се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите се достапни во сите експозитури и филијали на банките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.