Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повика наместо пари за новогодишно украсување, средствата да бидат пренаменети онаму каде што е најпотребно.

-Зголемувањето на стапката на невработеност ја зголеми оваа неспособна власт. Наместо СДСМ да донесе мерки со кои ќе се намали невработеноста тие дозволија во ек на пандемија без работа да останат над 40.000 граѓани. Тезата на Шахпаска дека невработеноста се зголемила поради сезонските работници паѓа во вода. Бидејќи лицата кои работат во странство претежно сезонски, истите редовно се пријавуваат во АВРМ на 6 месеци и имаат статус на други лица кои бараат работа. Истите се на работа во странство претежно во периодот август-ноември и тоа не е сега, ова е нормална појава која е присутна во последните 20 години. Шахпаска исто и како Заев се обидува да ја манипулира јавноста со евтин ПР наместо да обезбеди мерки кои се неопходни на граѓаните посебно на социјално ранливите категории. Еве да ја запрашаме Шахпаска ако навистина се грижи за граѓаните зошто не одговори на граѓаните што се праќаат на тестирање од корона вирусот по другите градови кој ќе им ги плати трошоците? Граѓаните кои се во социјален ризик, кои немаат превозно средство, како ќе појдат во друг град да се тестираат од корона вирусот? Граѓаните во социјален ризик што треба да се лекуваат во домашни услови, кој ќе им ја обезбеди медикаментната и витаминска терапија? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните нуди неколку предлог решенија со кои што може Владата и локалните власти да се мотивираат и да покажат дека вистински се грижат за граѓаните!

ВМРО-ДПМНЕ препорачува наместо да трошат пари за новогодишно украсување на градовите, финансиите да ги пренаменат за еднократна парична помош на граѓаните и тоа на следните категории граѓани:
1.Еднократна парична помош во износ од 10.000 денари за здравствено осигураните лица заболени од корона вирусот, а на кои матичниот лекар им препишал медикаментната и витаминска терапија која не ја покрива фондот за здравство!
2.Еднократна парична помош во износ од 4.000 денари за тестирање на здравствено осигураните лице во приватните клиники во услови на неможност матичниот лекар да закаже термин за тестирање во јавното здравство во првите 24 часа од појавата на симптомите или контактот со инфицирано лице!
3.Еднократна парична помош во износ од 30.000 денари за семејството во кое има починато лице од последици предизвикани од корона вирусот! Наместо бледи интервјуа Шахпаска заедно со владината екипа нека се фати за работа. На граѓаните им е потребна помош, не лаги и манипулации – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.