Според новиот извештај на Светска Банка за земјите од Западен Балкан преценките за Македонија се дека растот во 2019 година ќе изнесува скромни 2,9%, а во 2020 година ќе изнесува 3,2 % . Исто така во извештајот стои дека јавниот долг на Македонија се зголемил од 47,8 % на 48,4 %. Според експертите ваквата состојба покажува дека македонската економија воопшто не оди напред туку напротив дека стагниpa и се yнaзадува.
Имено, Зоран Заев и Владата пред да дојдат на власт ветуваа дека економскиот раст ќе изнесува 5 % додека проценките и податоците на Светска Банка го кажуваат сосема спротивното. Економистите коментираат дека со вакво бaвнo и очajно темпо на работа од страна на Владата македонската економија се соочува со цpнo сценapио.
Додатно, минатата недела германските бизнисмени ја оценија работата на Владата со нула што е уште еден доказ дека владиниот тим задолжен за економија и економски работи потфрли и дека македонската економија не се движи по посакуваната и ветената насока.
Исто така во извештајот стои дека јавниот долг до 2020 година ќе се искачи на 54 , 4 % од бруто домашниот производ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.