Оштетен е натпатникот кај село Песочани во Дебарца при изведување градежни работи на автопатот Кичево-Охрид.
Камион на градежната фирма „Илинден“, која работи на патот, поминал под натпатникот со дигната приколка и удрил во бетонска греда и ја оштетил, но директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов уверува дека не постои опасност од уривање на натпатникот.
По доаѓањето на власт на владата предводена од Зоран Заев автопатот кичево – Охрид поскапе за 187 милиони евра. Досега се завршени 60% од патот, кој се оечкува да биде пуштен во употреба на 30 јуни 2021 година.
Повеќе тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.