По најавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека владата разгледува воведување прогресивен данок за богатите кои за време на пандемијата станале уште побогати, намалување на персоналниот данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок, ВМРО-ДПМНЕ порачува да се скратат тендерите и вработувањата на партиски војници во администрацијата.

Зголемувањето на даноците и удар по џебот на народот не е и не може да биде решение за долговите во кои нé фрли Заев, на што алараме веќе подолг период наназад. А дека Заев ја довел државата во безизлезна ситуација е и ставот на Таки Фити од МАНУ, кој тврди дека треба да има зголемување на даноците. СДСМ повторно со оваа политика прави грешка и ја втурнува Македонија во уште полоша ситуација. Наместо зголемување на даноци, Заев нека ги скрати тендерите кои секојдневно се распишуваат и договорите во четири очи. Набавка треба да има само за неопходни работи. Наместо да зема од народот Заев нека запре со полнењето на јавната администрација со партиски кадри. УЈП на Лукаревска да се позанимава со сивата економија, и наместо толерирање на должниците блиски до Заеви нека почне да го полни буџетот со тие кои не плаќаат даноци и се нелојална конкуренција на сите, велат од опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.