Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, за време гостувањњето во „Што не е јасно“ посочи дека се предвидува дека во првите 100 дена ќе се воспостави рамниот данок и кој што во првата година ќе се намали на 9%, а наредната година ќе се намали и на 8%, се со цел да се воспостави поволна економска клима во Република Македонија.

-Во првите 100 дена рековме дека ќе донесеме нов закон со кој што ќе го намалиме рамниот данок за еден во нето односно номинала 10% и ќе биде 9%. А, потоа на почетокот на третата година практично ќе биде намален за дополнително уште еден процент и ќе биде 8%, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во согласност со сите мерки и проекти кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ во програмата ќе се намали сивата економија, која што во моментов е фантастични 37% според Светска Банка, а Европскиот просек е помеѓу 15 и 20. Второ што исто така се зацрта како цел е да се врати Република Македонија на листата на „Дуинг Бизнис“ во првите 10, а не сега како што континуирано паѓа од година во година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.