Највисок приход во 2017 од 212 милиони денари или 3,5 милиони евра остварил скопјанец, соопшти денеска УЈП презентирајќи ги податоците за остварени највисоки приходи во 2017.

Втор на листата е исто така скопјанец кој остварил приход од нешто повеќе од 207 милиони денари. На листата со највисоки приходи има и граѓани од Струга и од Битола.

Највисока годишна плата во 2017 изнесува 167 милиони денари(2,7 милиони евра) и е исплатена во секторот здравство. Потоа следуваат секторите производство на фармацевтски производи, компјутерско програмирање, трговија со производи од тутун, производство на фабрикувани метални производи, производство на печки, спортски менаџмент, изградба на станови.

Највисоко дополнително примање и надомест од работен однос изнесува 46 милиони денари на годишно ниво.

Највозрасниот милионер има 98 години кој остварил приход над 1 милион денари. Најмалиот милионер со приход над милион денари има 15 години.

Дваесетгодишник, пак, е најмлад милионер кој остварил приход од над 162.600 евра колку што остварил приход и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.