Според најновата анкета на американскиот НДИ, граѓаните ги детектираа четирите најголеми проблеми со кои се соочуваат.
Тоа се економската ситуација во државата, невработеноста и создавањето на нови работни места, здраството и справувањето со корона кризата.
Ова е за очекување ако се знае лошата економска состојба во државата, зголемувањето на бројот на невработени и намалувањето на странските инвестиции. Ништо подобра не е ниту ситуацијата во здравството а тоа најдобро се виде кога дојде корона кризата.
Долго време бевме единствената земја од регионот што немаше вакцини а потоа вакцинацијата почна со донациии, најмногу од Србија. Затоа, голем број граѓани наместо во својата земја одеа токму во Србија да се вакцинираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.