Податоците од тргувањата на меѓународните берзи укажуваат на пад на цените на нафтата откако Министерството за енергетика на САД објави зголемени бројки на производство на нафта во земјата и зголемени резерви.
Така, цената на нафтата марка Брент денеска се спушти за 4.46 проценти до 40.76 американски долари за барел. Тексашката лесна нафта (ВТИ) постигна цена пониска за 4.63 проценти или 38.5 долари за барел.
Цените на нафтата се намалија откако Министерството за енергетика на САД информираше дека земјата го зголемила производството а нејзините резерви пораснале до 541 милион барели
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.