Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија не ја почна расправата по предлог Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти или т.н. легализација на дивоградби, иако беше на дневен ред на денешната нејзина седница.

Од комисијата информираат дека за овој предлог-Закон, кој се предлага да се донесе во скратена постапка, се поднесени над 1.000 амандмани.

Продолжението на седницата со оваа точка, како што информира претседателката на Комисијата, Лилјана Затуровска, ќе биде дополнително закажано.според предлогот, за легализација на дивоградби изградени заклучно со 1 октомври 2019 година, според предлог-Законот што го утврди владата ќе се плаќаат 100 проценти комуналии за објектот, како и казна во износ од 50 проценти од комуналиите, додека за бесправните електронски комуникациски мрежи надоместот ќе изнесува 10 евра по квадратен метар од изградена површина.ќе се легализираат дивоградби од значење за републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг Закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.