Податоците на нардоната бнка покажуваат дека граѓаните се повеќе се одлучуваат да ги користат услугите на финансиските друштва и да земаат брзи кредити. Затоа, освен профитот, расте и бројот на клиенти, како и сумата што овие друштва ја дале како позајмици на граѓаните и компаниите.

Минатата година бизнискот со брзи кредити донел профит од 4,4 милиони евра на 24 финансиски друштва кои нудат вакви кредити за граѓаните. Профитот на финансиските друштва постојано расте, па од минус од речиси 800.000 евра во 2017 година, тие имаат плус од 374.000 евра во 2018 година, за лани да ја остварат најголемата добика од кога работат во земјава од 4,4 милиони евра, пишува „Денар.мк“.

Податоците на Народната банка покажуваат дека само од камати лани финансиските друштва наплатиле 6,1 милион евра од граѓаните и компаниите кои се нивни клиенти. Од нив чисти им останале 4,2 милиони евра. Податоците покажуваат дека за разлика од година пред таа, во 2018-та приходите од камати биле двојно пониски или 3 милиони евра, од кои чисти биле 1,8 милиони евра. Но исто и приходите од провизии и надоместоци лани рипнале, тие изнесувале речиси 17 милиони евра, што е за 7 милиони повеќе од 2018 година кога по овој основ финансиските друштва наплатиле речиси 10 милиони евра.

Дека ланската година била најплодна за финансиските друшта покажува и податокот дека вкупната актива лани им изнесувала речиси 67 милиони евра, што е за 23 милиони евра повеќе од 2018 година кога таа изнесувала 44 милиони евра. Побарувањата по основ на издадени кредити лани изнесувале 52,2 милиони евра, а тие од факторинг 2,3 милиони евра, што е нешто помлаку од двојно повеќе од 2018 година кога друштвата по основа на кредити побарувале 29 милиони евра, а од факторинг 2,1 милион евра.

Бројките покажуваат дека се повеќе расте и бројот на клиенти кај финансиските друштва и сумите кои тие ги позајмнуваат на граѓаните и компаниите. Нивниот број лани достигнал над 100.000.

Па така лани биле одобрени кредити на 686 фирми во вредност од 17,6 милиони евра и на 99.486 граѓани кредити вредни 56,7 милиони евра или вкупно над 74 милиони евра. Додека бројот на клиенти и одобрената сума била далеку пониска во 2018 година и вкупно била околу 58 милиони евра. Или биле одобрени кредити вредни 45,4 милиони евра на речиси 62.000 граѓани и кредити вредни 13 милиони евра на 649 компании.

Анализата на податоците покажува дека најголем износ бил одобрен на кредити кои треба да се враќаат во рок од 1 до 3 години. А најбројни биле тие кои земале брзи кредити кои планирале да ги вратат во рок од една година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.