На земјоделците им пукна филмот од, како што велат, празните ветувања на власта. Излегоа со блокади за да го изразат својот револт. Бараат редовна исплата на субвенциите, а не само ветувања дека тие ќе биле повисоки, решение на проблемот со ветената Зелена нафта која ја нема, ниски откупни цени, слаба државна поддршка.

Предупредувачки, денеска излегоа на протест кај Сарамзалино. Ако нема слух, по Нова Година најавија радикализација на протестите.

Мирниот протест започна кај селото Сарамзалино, каде беше и збирното место земјоделците. Тие упатија апел до власта- конечно да се зафати со решавање на аграрните проблеми, кои како што велат, од ден во ден стануваат се поголеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.