Ќе има нова цена на електричната енергија, барање за цени доставија и од МЕПСО, и ЕСМ, и МЕМО и ЕВН хоум, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во „Студио 10“ на ТВ24.

Не можеме сега да кажеме дали ќе има поскапување на цената на електричната енергија, но кон крајот на наредната недела ќе го знаеме тој дел што го регулираме, колку ќе биде тарифата за пренос, тарифата за дистрибуција, и колку ќе биде за операторот на пазарот, а во зависност од цената што ќе ја понуди ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), Регулаторна трошокот ќе го преслика. МЕПСО бара зголемување на својата услуга за 143%, Електродистрибуција за дистрибуција бара зголемување за 0.95 %, а МЕМО бара зголемување на својата услуга за 45%. Доколку ги бараме сите нивни барања, на сметка од 1.000 денари, сметката ќе се зголеми за 50 денари. Гарантирам дека овие нивни барања во целост нема да бидат прифатени, рече Бислимоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.