На обраќањето на 28 Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски потсети на предупредувањата дека изборите се време кога Заев го вклучува лажењето на најјако. Тој се осврна на предизборните ветувања за наставниците, пензионерите.
Во истиот ден кога најави зголемување на платата на наставниците и професорите требаше да каже дека всушност одзема од платите на овие луѓе. Секој наставник и професор треба да знае дека Заев не ја зголемува вашата плата, Заев ви одзема од Вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието и тоа во просек по 5.600 денари месечно согласно старата, односно речиси 11.000 денари согласно најавената минимална плата! Исто како што пенизонерите треба да знаат дека за овие три години власт требаше пензиите да пораснат за најмалку 1 500 денари согласно законот кој Заев го смени, односно со кој го укина усогласувањето, а сега ќе вели ќе ги покачувал пола од таа сума која претходно ја одзема, односно само 700 денари, рече Мицкоски.
Своите тврдења тој ги поткрепи со штурите партиски соопштенија на СДСМ наместо силниот демант од Владата.
Нема да чуете квалитетен демант од владата за сето ова што го зборам. Нивната реакција се сведува на штуро партиско соопштение, или некаква изјава од партиското седиште со општи и излитени фрази… како Груевски ја водел партијата, режимот, диктатурата… иако сето ова нема никаква допирна точка со тоа што Владата им краде пари на пензионерите, наставниците, професорите. А кога сме кај обвинувањата за режим, тука СДСМ се ненадминати. Тие врпочем стануваат производ кој ги усовршува не само маните, без квалитетните страни на претходната влада на ВМРО, туку тие се заеднички именител на сите недостатоци на сите влади овие изминатите 28 години, рече лидерот на опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.