Во Охрид законот важи за сите, освен за оние кои се дел од власта. На стариот пат Охрид – Струга (ул. Гоце Делчев бб.), на помалку од 50 метри од езерото, никнува огромна бетноска база која ја гради советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, познат по дивоградбата која ја гради кај чинарот.

И за оваа градба на Нефи Усеини не постои никаква градежна дозволна, а дополнително против-законски е тоа што се гради на помалку од 50 метри од езерото. Порталот “Лидер”,  објави фотографии од граѓани кои го покажуваат објектот.

Од општината Охрид за медиумите велат дека тие се запознаени со случајот и поднеле кривична пријава затоа што не знаат кој ја гради дивоградбата. Она што и е јасно на целата јавност во Охрид, дека се работи за Нефи Усеини, општината не сака да го детектира.

Направен е и повторен контролен увид, донесен е Заклучок за отстранување на градбата, по што на 03.04.2019 година овластениот градежен инспектор донесол решение за отстранување на нелегалната градба на сметка на непознатиот сторител. Објектот нелегално се градел и за него нема издадено никаква дозвола од страна на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште. – велат за медиумите, од службата за односи со јавноста на Општина Охрид.

Но, останува скандалозно тоа што тие не можат да го детектираат името на инвеститорот, Нефи Усеини од ДУИ.

-До Основното јавно обвинителство во Охрид е поднесена кривична пријава против непознат сторител за нелегално градење. -Од Секторот за внатрешни работи, овластениот градежен инспектор официјално има побарано помош за утврдување на идентитетот на инвеститорот на нелегалата градба, по што ќе следат соодветните законски постапки. – велат од Општина Охрид.

Оваа не е единствената дивоградба за Усеини, за кого очигледно не важи законот затоа што е дел од власта. Тој гради дивоградба и кај чинарот, дел од Охрид заштитен од УНЕСКО.

-Џабе доаѓате, кај чинарот ќе се гради. Договорено е со Зоран Заев и Костадин Георгиевски. – со овие зборови инвеститорот Нефи Усеини (советник на ДУИ во Општина Охрид и инвеститор на дивоградбата кај Чинарот) завчера им се обратил на инспекторите и обвинителот кој отишле на лице место за да ја стопираат дивоградбата.

Усеини гради дивоградба крај 1000 годишниот чинар, но и покрај незаконитото градење, очигледно има поддршка од премиерот Зоран Заев но и од В.Д градоначалникот на Охрид и кандидат на СДСМ за локалните избори, Костадин Георгиевски.

За инцидентот со обвинителот и инспекторите, Охридското МВР вчера излезе и со официјален став.

Според МВР, инвеститорот на дивоградбата кај Чинарот и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, вербално нападнал инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата кај Чинарот.

Во вторникот попладнетo во СВР Охрид, лицето Р.К. (39) од Скопје, кој е инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, пријави нарушен ред и мир на плоштадот Крушевска Република, извршен од Н.У. од Охрид, велат од СВР Охрид.

Според пријавеното, Усеини вербално реагирал на вонредниот инспекциски Од охридската полиција велат дека советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ е повикан на разговор, а по комплетирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дивоградбата кај Чинарот за која Усеини нема потребни дозволи, кои треба да бидат издадени од Општина Охрид, и по еден месец од решението за уривање, остана недопрена од надлежните служби. Општината на 25 март донесе решение за уривање на дивоградбата кај Чинарот и му даде рок од 10 дена на сопственикот сам да ја урне. Речиси еден месец по донесувањето на решението, ниту сопственикот на терасата сам ја урна ниту Општината уриваше.

 

извор: Лидер.ком.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.