На социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се види нова услуга за која во Охрид на туристите им се наплаќа нереално висока цена.
Така, според готографијата, во Охрид наводно е воведена и нова услуга според која полнење на мобилниот телефон чини 200 денари.
Она што граѓаните го коментираат е дека охриѓани претеруваат со сумите и прават споредба со она што го нуди Турција на море.
Во Охрид плативме 50 евра за да се возиме со брод два часа. Во Турција плативме 35 евра а се возевме цели 8 часа на пет различни локации кои се доста популарни и интересни за туристите – е еден од коментарите.
Ако вака продолжиме нема да ни треба ниту УНЕСКО, ниту нишго. Самите ќе си го згаснеме сјајот на Охрид и езерото – додаваат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.