Македонската економија во првиот квартал од годината забележала незначителен раст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во земјите од регионот на Западен Балкан вклучително и Турција.
Највисок раст на БДП од 5 отсто има Србија, по која ја следи Турција со 4,5 отсто. Потоа следат Црна Гора со 2,7 отсто, Босна и Херцеговина од 2,0 отсто и Косово 1,3%. Албанија, пак, има негатива од минус 2,5 отсто.
Според ЕК, растот на БДП на земјите од регионот се должи на зголемените бруто инвестиции, државна и лична потрошувачка и состојбата на залихите. Растот на државната потрошувачка има раст од 12% на годишно ниво, додека бруто инвестициите во основен капитал пораснаа за 10,7%. Кога се работи за личната потрошувачка, таа бележи раст од 3,2% на годишно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.