Уште само месец и половина по автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се плаќа само една патарина од 100 денари. Привршува изградбата на втората патарина на оваа делница па се очекува наскоро и првата наплата на патарина. Оваа вест денеска на прес-конференција за тоа што сработило претпријатието за државни патишта ја обелодени директорот Зоран Китанов, кој не открива колкава ќе биде цената која ќе ја плаќаат возачите.

Според неофицијални информации цената на новата патарина би се движела од 60 до 80 денари. Вкупно до сега од Скопје до Гевгелија или поминати околу 180 километри се плаќаше 280 денари. Со покачувањето патарината за оваа делница би се движела околу 350 денари, што значи околу 700 денари за одење и враќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.