На Царев Врв на Осоговски планини ќе се гради најмодерен ски центар на Балканот, а вредноста му е 100 милиони евра.

На иницијатива на Советот за развој на Источниот плански регион кого го сочинуваат градоначалниците на 11 општини (Берово, Пехчево, Делчево, М.Каменица, Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци, Штип и Пробиштип, на Царев Врв на Осоговоските планини, ќе се гради еден од најмодерните ски центри на Балканот, објави Истокпрес.

Премиерот Зоран Заев објави дека Владата, на седницата од 29 мај годинава, ја прифатила оваа регионална иницијатива, а во изградбата на ски центарот државата ќе вложи сто милиони евра.

Владата нашата инцијатива ја препозна како национален стратешки приоритет која ќе го забрза економскиот развој на регионот но и на целата наша држава. Оваа идеја своите почетоци ги има од 2013 година кога Центарот за развој на ИПР преку програмата за прекугранична соработка со НР Бугарија учествуваше во изработкја на физибилити студија за изградба на ски центар на Царев Врв на Осоговските планини. Пред јавноста оваа програма беше промовирана на почетокот од 2015 година, а студијата изработена од експерти за ски центри од Македонија и Бугарија е финансирана од Европската унија – изјави Зујца Ангелова, директорка на Центарот за развој на ИПР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.