Остри критики за политиката на власта и МТСП за законот за изменување и дополнување на законот за пензиско инвалидско осигурување упати синоќа поранешниот министер за финансии од СДСМ, Никола Поповски. Во вчерашната емисија „Печат на неделата“ на „1ТВ“, Поповски посочи дека со овие измени, Владата го крати досегашното покачување на пензиите и вградува нови модалитети, кои што нема да можат да генерираат раст на пензиите.
Денеска слушнавме од Министерството за труд и социјална политика која по мене како ресор се бави со трудот 80%, со социјалата 20% од работното време, а треба да се бават обратно. Ни кажа дека сега ќе се реформира начинот на исплата на пензиите на начин на кој јас ви гарантирам од толку проучувања и професионална позадина што ја имам во државните органи едно време не сум го сретнал во светот. Можда има негде, пензиите секаде во светот кога веќе сме на фондови како нашиот кој не се фондови туку се „Pay as you go“ системи во кој не се оплодуваат парите како во вториот столб, туку нашите придонеси одат директно на пензија. Зависат од два индикатора, од нивото на животните трошоци 50, 60, 80% и 20% од нивото на реалните плати во стопанството, образложи Поповски.
Поповски посочи дека со раст од 4% на нашата економија, ниту платите нема многу да се покачат, богатите ќе ги соберат 20% од трудот, и врз основа на сето тоа не може пензиите да се зголемат.
Денеска се промовираше мерка дека ќе зависат само од CPI од индексот на животни трошоци, но ако економијата надмине 4% развој во една година ќе се вгради. Извинете прво растот во Македонија мерен е, се дистрибуира 80% на капиталот, 20% на трудот. Значи ако економијата пораснала 100 милиони идната година во наши услови тоа е еден отсто, 80 милиони отишле во профити и дивиденди, а само 20% на плати, нашата економија има недостаток на капитал. И сега ако 4% се развие платите нема многу да се покачат, богатите ќе го соберат тоа односно 20%. И како врз основа на тоа вие ќе ги зголемувате пензиите?, праша Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.