Заврши периодот на бесплатната патарина за српските туристи во знак на благодарност за можноста македонските граѓани да се вакцинираат против Ковид-19 во Белград, Ниш и Врање. Според претходната одлука на Владата, српските возила кои транзитираа од 15 јуни до 15 август по Коридор 10 немаа обврска да плаќаат патна такса на наплатните пунктови, а наместо тоа на Табановце им беа доделувани смарт картички.

Согласно Одлуката на Владата на РСМ за ослободување на возила на Српски туристи, од страна на Јавното Претпријатие за Државни патишта изготвени се 100.000 М-Смарт од кои реализирани се 83.959 М-Смарт (во периодот од 15 Јуни до 15 Август) со вкупна вредност од 72.204.740 денари. Вкупниот промет со овие вкалкулирани  картички е 1.695.106.586 денари (рекорден приход од постоење на Наплатна Служба) со што има зголемување на прометот од 12% во однос на истиот период во 2019 година (рекордна година до сега)“, велат од центарот за наплата на јавното претпријатие „Државни патишта“ за „Фактор.мк“

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.