Интервентната програма која од минатата година за прв пат беше воведена даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој еден земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство.

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.

Дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен е втората нова мерка во Интервентната програма за 2023 година.

Како корисници кај оваа мерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15. „Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури“ од Програмата за финансиска поддршка  во земјоделство за 2023 година. Запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација на пченица и јачмен. 

Кај оваа интервентна мерка прифатлива количина за сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, се количините наведени во сертификат за конечно сертифицирано семе од реколта 2023 година.

Интервентната програма за 2023 година е дополнета со нови три мерки насочени за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови.

Покрај оваа интервентна мерка, земјоделците ќе можат да аплицираат и за мерката од 3 денари по килограм финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, како и интервентната мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови.

Оваа година креиравме отворена Интервентната програма со буџет од 317 милиони денари, преку која навремено излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец.

Претходно, во месец април оваа година МЗШВ преку Интервентната програма на располагање стави 500.000 евра поддршка за производителите на зимска зелка на отворено.

МЗШВ се грижи за секој еден земјоделец. Како министерство сме тука секогаш да им помогнеме на сите земјоделци, вложувајќи реални напори да го одржиме и зголемиме домашното производство на храна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.