Зошто загубар како Макеоднски железници транспорт е атрактивен за вработување? Во декември компанијата имала распишано оглас за 118 нови вработувања на неопределено време, во моментов е активен огласот за вработување на ушет 5 лица. Со новите вработувања, бројот на работници во компанијата ќе порасне на 1000, јавува Сител.

Фирмата вработува во услови кога постојано бележи пад на работата и зголемување на загубите. Според последните статистички податоци за тртиот квартал лани, превозот на стока за три месеци се намалил за 16%, а кај патниците за 1,6%.

Независната ревизија во компанијата за 2017 година констсатирала акумулиурани загуби во висина од над 54 милиони евра. Само во таа 2017 била направена нова загуба од над 8 милиони евра.

Во континуитет МЖ транспорт има проблем и со исплата на платите за вработените заради што често машиновозачите стапуваат во штрајк кој создава дополнителни загуби од по околу 30.000 евра дневно. Неодамна, МЖ транспорт познајми 700.000 евра од ЕЛЕМ и МЕПСО за да исплати плата и да спречи нов штрајк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.