Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци за секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток.
Меѓу потребните услови кандидатите треба да го знаат македонскиот јазик и кирилското писмо, да имаат најмалку четиригодишно средно образование, да се повисоки од 175 сантиметри и друго.
Деталите за огласот се објавени на интернет страната на министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.