Од утре нема да може да се купува и плаќа во кеш за работи поскапи од 500 евра. Ова е законска обврска содржана во Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој минатата година со посебна уредба се ограничи висината на плаќањата во готово.
Поинаку кажано ова би значело дека ако утре сакате да купите, на пример, фрижидер, телевизор или друг апарат за дома, а тие чинат повеќе од 30.000 денари, нема да можете да ги платите во готовина, туку само со картичка или уплатица во банка.
Од почетокот на годинава плаќањето во кеш прво се намали од 2.000 евра на 1.000 евра, а сега плаќањето дополнително се намалува на 500 евра. Забраната ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.