Еден ден откако одбраната на Бојан Јовановски откри дека Заев му ветил 100 милиони евра за проектот за изградба на старечки домови, молк од премиерот.
Досега за вакви работи веднаш реагираше пи-ар службата на владата или пак самиот Заев. Но, во овој случај нема никаква рекација, што само покажува дека Боки ја зборува вистината дека за неговиот проект имал силна поддршка од највисоките структури на власта.
Во прилог на тоа оди и одбивањето на судот како материјални докази да биде прифатено УСБ-то на Јовановски во кое име многу важни аудиот материјали, видеа од разговори на првообвинетиот со Заев, Богоев, Кирацовски.Во една од снимките Заев му ветува на Боки дека ќе му даде 100 милиони евра за неговиот проект.
Ова секако ќе биде непријатно да се случи па затоа Судот бара изговори овие снимки да бидат прифатени како материјални докази.
Многу е важно да се напомене дека ова се сосема легални материјали и се одземени од мобилниот телефон на Боки од страна на Јавното обвинителство.
Дека судот селекира се гледа од фактот дека УСБ е прифатено како доказ за Обвинителството, но не и за одбраната-коментира „Република“.
Затоа во право е одбраната на Јовановски која не сака да испитува сведоци се додека судот не се изјасни за спорното УСБ.
Со рекација за вчерашните случувавања во аферата со „Меѓународниот сојуз“вчера излезе и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека откако Заев гарантирал 100 милиони евра за изградба на спорните домови судот се препелкаше и бараше начини како овие информации да не излезат во јавност.
Ова е уште една потврда дека власта на Заев, па дури и самиот тој биле вмешани во изнудување на милиони евра од бизнисмени. Градоначалници потпишувале меморандуми, партиски функционери таргетирале бизнисмени, а Заев гарантирал стотици милиони. Да потсетиме дека првообвинетиот во овој случај лично тврдеше дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а приложените докази тоа тврдење и го поткрепуваат.Криминал пар екселанс. Сега има 100 милиони причини за проширување на истрагата.Заев може да се бега од одговорност, судството може да го спасува, ама вистината излегува на виделина-обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.