Кога пандемијата на Ковид-19 лани се прошири низ светот, ММФ брзо одреди 118 милијарди долари во интервентни заеми за 87 земји како помош за нивното справување со кризата. На 15 април директорката на ММФ Кристалина Георгиева ги охрабри државите „да прават сè што треба“ за да се борат со пандемијата, но да не заборават „да ги чуваат сметките.“
Сега доаѓа време за пресметки и во многу земји сметките не излегуваат како што треба или пак не се јасен. Се спомнуваат Нигерија, Конго, Малави, Македонија…, пренесува „Оф.Нет“
Само мал број земји јавно ги објавија информациите за трошењата и тоа што е достапно сугерира дека значајна количина помош – се работи за стотици милиони долари – биле злоупотребени.
Тоа значи помалку пари се распиратори, за мобилни болници, за лична опрема за заштита – коментира експерт за перење пари во „Транспаренси интернационал“.
Интересни се примерите со земји од Африка и Латинска Америка, но да одиме веднаш кон делот кој нас нè засега.
А тоа е дека Македонија е една од земјите за кои ММФ изразила загриженост за тоа како биле трошени парите во месеците на ковид кризата, особено што за нејзиното позајмување на 192 милиони долари не била извршена ревизија. „Транспаренси “овој факт го оценува како „алармантен“.
Притоа, се потсетува дека земјава го држи 111 место по индексот на корупција, што е второ најлошо место во источна Европа.
Се потсетува и дека уште во март, првиот човек на македонската владина комисија за анти-корупција ветил истрага за обвинувањата околу набавката на вакцините кои излегоа во италијански медиуми.
Во статијата се потсетува уште и дека заради злоупотреба на средства за ковид, во некои земји некои луѓе веќе лежат во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.