Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри финансиска поддршка на земјава, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, со каматна стапка од 0,5 проценти и рок на отплата од пет години. Одобрените средства  треба да помогнат за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза со коронавирусот за нашата економија  и дополнителна поддршка  и на макроекономската стабилност.

Преку Инструментот за брзо финансирање се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Економските изгледи на Македонија значително се влошија како резултат на пандемијата на Ковид-19. Се очекува реалниот БДП да се намали за 4 проценти во 2020 година, како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка. Ова, заедно со негативните шокови врз довербата и прелевањата од глобалните финансиски текови, создаде потреба од итно обезбедување на потребите на платниот биланс, оцени заменик извршниот директор и в.д. претседател на Извршниот одбор на Фондот, Тао Џанг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.