Мизрахи – Економско-социјалниот совет: Повеќе да ги слушaме сите страни, сите проблеми се надминливи

Економија 31.01.2020 / 13:52
(фото: МИА)

Денеска се состанавме со претставниците на економско социјалниот совет очигледно е дека има одредени прашања кои треба да се дискутираат, наидовме на блага тензија помеѓу синдикатите и делумно работодавачите, меѓутоа не верувам дека овие проблеми не можат да се надминат и ќе соработуваме и ќе продолжиме да се состануваме во наредниот период, ова денеска на прес-конференција го истакна дополнителниот министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Што се однесува до состанокот беше наменет за запознавање со општата ситуација и со претставниците на самиот совет. Првите заклучоци по состанокот се дека изјавите што ги добивме имало одредена дискрепанца во нормалното секојдневно функционирање на самиот совет, во однос на забелешките кои што ги даваа на состаноците, меѓутоа ќе треба повеќе да влеземе во проблематиката, повеќе да ги слушнеме сите страни и сите проблеми се надминливи, рече Мизрахи.

Таа додава дека зборувале и за покачувањето на платите на просветните работници и синдикалното здружување на истото и со претставниците од СОНК се изјасниле дека се против моментумот на работодавачи и организација на нови синдикални организации.

По средбата изјави дадоа и претставниците на сите синдикални здруженија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.