Во економската програма на ВМРО ДПМНЕ за претстојните избори, има многу проекти меѓу кои се инфраструктурното поврзување со нашите соседи, поточно правење на железницата од Битола кон Грција и поврзување на Куманово со Бугарија.
Битола Краменица е проект што го започна владата на ВМРО ДПМНЕ и гледаме дека три години се мачат и не можат да го завршат. Ние се обврзуваме дека тој проект ќе го завршиме. Исто така ќе продолжиме со градбата за поврзување со Бугарија, бидејќи сите влади ја ветуваа, но досега не е ништо направено. Тоа многу чини. Ние мора да обезбедиме средства таму и таму ние имавме обезбедено грант средства преку програмите на ИПА, за што помалку пари од Буџетот да одат за таа цел. Многу години се збори овие железнички пруги, но јас сум убеден дека внимателно ќе ги завршиме сите. Таму се гради моментално, има степен на реализација, но недоволен и последната траса е многу скапа, каде што ќе треба поагилно да се работи, за обезбедување грант средства, за да се заврши, за да имаме дополнителни средства за други проекти во државава. Таа компонента што ја имаме за транспорт и животна средина не е доволна преку Европската унија за се, бидејќи таму се делат средства, но ако се сака може да се изгради. Планираме и други проекти, за канализација и други работи што на граѓаните им се многу важни работи и ние мора да им ги обезбедиме – вели во интервјуото за Република, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.