Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и носител на изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Шуто Оризари од каде што истакна дека овие избори граѓаните треба да изберат помеѓу Зоран Заев кој го заборави народот и единствено се грижи за своите бизниси или Христијан Мицкоски чесен човек кој секогаш ќе биде со народот.
Мисајловски потенцираше дека Шуто Оризари е целосно запоставено од владата на СДСМ и Зоран Заев кои тука ниту ги остварија ветувањата за подобра инфраструктура а ниту за подобар живот на младите кои поради невработеноста се иселуваат среќата да ја бараат надвор но Македонија.
Тој додаде дека таквите времиња завршуваат на 15 јули кога власта ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ како единствена партија која го остварува тоа што ветува и единствена партија која гради инфраструктура.
Ќе има многу проекти, 1000 километри регионални и локални патишта кои се многу потребни за граѓаните, ќе се намалат трошоците за извршителите, се обврзуваме сите млади квалитетни луѓе ќе го добијат својот правец, поголеми плати за 25%, поголеми пензии за 20%, а за младите до 29 години ќе има посебно место за вработување во бизнисот да нема давачки за нив, изјави Мисајловски
Мисајловски на крај посочи дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ никој нема да биде заборавен, особено социјално загрозените категории на граѓани чии проблеми ќе почнат да се решаваат веднаш после изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.