Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, истакна дека јавноста треба да знае дека Собранието е нефункционално, затоа што власта нема кворум, а има барања кон Владата за решавање на енергетската криза и помош за граѓаните поради што се бара седница.

Нема кворум, тоа треба да го знае целиот македонски народ. Денеска не може да се одржи седница затоа што имаат 59 пратеници и еден европеец, кој гледаме дека ќе се преместувал на другата страна, но и со него повторно нема мнозинство, затоа што билансот е 60-60, и Собранието не може да функционира – вели Мисајловски.

Тој истакна дека затоа денеска на прес конференција од Собранието упатил две барања за да се одржи седница за да се продолжи кризната состојба со кои се предвидува Владата за помош кон граѓаните и компаниите директно на нивните сметки да испорача 250 милиони евра.

Ако се покачи струјата, според најавите од 20 проценти, Владата да им даде на граѓаните и компаниите помош, но и второ барање е да им се помогне на општините во новите договори, откако ги раскинаа старите договори за електрична енергија, сега во новите им е побарано да плаќаат двојно поскапа струја – вели Мисајловски.

Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да обезбеди кворум, затоа што власта го нема, со цел да се обезбедат средства за помош на граѓаните, но проблемот е дали власта навистина сака да му помогне на народот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.