Синот на пратеничката Мира Стојчевска бил вработен на место отворено специјално за него, изјави неодамна претседателската на Антикорупциска, а доколку Антикорупциската комисија утврди нерегуларности при вработувањето на синот на Мира Дизел, директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски најави дека ќе понесе одговорност.

Колку што сум инфоримиран, Антикорупциска последно бојави демант дека има нерегуларности при вработувањето на Стојчевски. Постојано се проверува, сите документи побарани од антикорупциската комисија беа доставени. Исто така има и внатрешна комисија која проверува како е направен изборот за Стојчевски. Доколку се утврдат некакви нерегуларности во однос на изборот на Виктор Стојчевски, одговорност ќе сносат сите, вклучувајќи ме мене и Стојчевски, рече Миновски.

ЕЛЕМ тврдеше дека синот на пратеничката Мира Стојчевска ги исполнувал сите критериуми за вработување и затоа бил примен во редовен работен однос.

Миновски на прес-конференцијата во Владата на новинарско прашање одоговори дека огласот е во согласност со систематијзацијата на компанијата, за која Управниот одбор одлучил дека не е документ од јавен карактер и одби да им ја даде на новинарите на увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.