Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски вчера престојуваа во работна посета на Прилеп.
Тие одржаа средба со стопанственици од Прилеп и Битола, а искористија и прилика да прошетаат и низ прилепската Стара чаршија, во која речиси половина од дуќаните се затворени.
Прилепскиот портал Маркукуле коментира дека короната и лошото менаџирање ја опустошиле чаршијата, па освен што можеле да пребројуваат затврени дуќани, министрите немле што друго да видат.
Дуќанџиите во неколку наврати бараа помош од локалните и централните власти, но попусто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.