Министертвото за труд и социјална политика соопшти дека најодговорно тврди оти е во напредна фаза на изготување на целосно нов Закон за работни односи. Од таму велат дека во овој процес пред да се отворат јавни дебати за предложениот текст за законот се одржале консултативни состаноци со сите засегнати страни коишто ги дале своите коментари и сугестии за законот.

– Покрај тоа како резултат на социјалниот дијалог, се донесоа повеќе законски прописи и стратешки документи во интерес на подобрување на економската и социјалната положба на вработените и граѓаните, се вели во реакцијата на МТСП



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.