Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, соопшти дека сите винарски визби треба да дадат извештај за тоа колкави ќе бидат нивните потреби од годинашната реколта на грозјето.
Хоџа додаде дека од винарските визби се побарани сугестии во делот на тоа како треба да се одржуваат лозјата за годинава да има подобар квалитет на грозјето.
Воспоставуваме дијалог меѓу лозарите и винарските визби за тоа каква година сакаме да имаме. Ја одржавме првата средба пред отпочнување на сезоната на грозјето на која ги искажавме нашите ставови дека во текот на минатата година ги исполнивме сите ветувања во делот на финансиската поддршка, во годината која беше лоша за лозарството – изјави Хоџа по средбата во Скопје со претставници на лозарите и винарските визби.
Хоџа посочи дека се одржал првичниот состанок и најави уште неколку состаноци меѓу кои следниот ќе биде наредниот петок.
Верувам дека ваквиот однос на Министерството и партнерското поставување е решение и другите гранки да отпочнат дијалог во делот на откупот и производството и во таа насока очекувам дека ќе имаме добри и позитивни резултати и да не се повтори лошата година што е зад нас, посебно за лозарите заради лошите временски услови – истакна Хоџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.