Рашела Мизрахи, министерката за труд и социјална политика денеска претседаваше со Економско-социјалниот совет каде што истакна дека има прашања и проблеми кои треба да се решаваат, но оти низ разговор и компромис можат да се надминат.

Целта на состанокот беше да се запознеме со општата ситуација и со претставниците на самиот Совет. Првите заклучоци, според изјавите кои ги добивме се дека има одредена дискрепанца во однос на нормалното секојдневно функционирање на ЕСС во однос на забелешките кои ги давале на состаноците, но ќе треба повеќе да навлеземе во проблематиката, да ги ислушаме сите страни. Сите проблеми се надминливи, вели Мизрахи.

Таа потенцираше дека состанокот имало блага тензија меѓу синдикатите и делумно работодавачите.

Верувам дека овие проблеми ќе се надминат, рече Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.