На сметките на министерката за финансии Нина Ангелoвска во пропаднатата Еуростандард банка има нешто над 8.300 евра. Поголем дел од нив се на денарската сметка, а 534 евра се девизен депозит. Ова е запишано во анкетниот лист за имотната состојба на Ангеловска кој во моментов стои на веб страницата на Антикорупциска комисија.
Но, во првиот имотен лист кој го доставила по преземањето на функцијата, лани во септември, салдото било многу подебело. Тогаш Ангеловска располагала со девизен депозит од 51.233 евра, и денарски влод од над 12 милиони денари или 198.000 евра, објавува „Сител“.
Имала ли Ангеловска информации за состојбата во банката, испитува Антикорупциската комисија. Деталите во анализта на „Сител“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.