Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека во Министерството изработуваат проекции за економскиот раст.

– Пред само еден месец проекцијата за економскиот раст беше 3,8 проценти, исто пред само еден месец Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува раст кај 160 економии, а денес директорката на ММФ веќе изјавува дека се очекува пад кај најголем дел од економиите или 180 економии. Целиот свет се соочува со криза од непознат размер. Се предвидува дека во еврозоната рецесијата ќе изнесува над околу четири проценти, вели Ангеловска.

Таа посочи ќе излезат со проекции на Министерството што очекува дека би се движеле во линија со проекциите кои веќе беа соопштени.

– Позитивна вест за економијата е дека оваа криза не е предизвикана од пад или нарушување на системот, туку се работи за здравствена криза што се прелева во економијата и поради тоа се очекува поцесот да биде побрз. Тоа на некој начин е позитивно, но секако се зависи од нас во однос на рестрикциите што ги преземаме како земја, за да го заштитиме здравјето и ја запираме економската активност, а сега ќе зависи од тоа какви ќе бидат условите, кога здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа за да веќе започнеме со опоравување, дополни министерката Ангеловска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.