Минатиот месец Владата потпишала договор за набавка на свежо месо во висина од 51.155 евра, односно 3.146.025 денари, како и сувомеснати производи во висина од 11.594 евра односно 713.029 денари. Договорот во име на Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучил директорот Пеце Мирчески, а набавката ќе биде спроведена од страна на „Римес МС Гроуп” ДОО претставувана од управителот Марјан Михајлов, објави Антропол.мк.
Во понудата која ја достави оваа компанија, а која е составен дел од договорот, наведена е количина од 380 килограми јунешки бифтек добиен од млади говеда со единечна цена од 1.299 денари без пресметан ДДВ. Покрај бифтеци, на менито Оливер Спасовски и останатите владини службеници платени од народни пари, ќе имаат и јунешки мускул, јунешки бут, телешки ребра, телешки мускул, свинско каре, крезли и јатки од свежо јагне како и свежо прасе.
Инаку во февруари годинава Службата за општи и заеднички работи на Владата набави и свежо пилешко месо во висина од 25.513 евра, кон крајот на минатата година свежо овошје и зеленчук во висина од 16.623 евра како и газирани сокови во износ од 18.468 евра. Од „Римес МС Гроуп” во март минатата година набавено било свежо месо во износ од 32.298 евра.
Периодов повторно се актуелизира прашањето за состојбата на државниот буџет и управувањето со јавните финансии, кога и самата влада најави дека нема доволно средства за справување со кризата. Од друга страна, интензивно се позајмуваат кредити од меѓународните институции, со што јавниот долг достигна 50 проценти од БДП и изнесува највисок во последната деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.