Денес сме заедно со колегите Миле Лефков и Тимчо Муцунски во посета на Кочани, каде што најголем дел од времето ќе го посветиме на средби со стопанствениците. Бидејќи она што во последниот период не загрижува најмногу се две работи, а тоа е преголемото задолжување кое што државата го прави во изминативе четири години и оди на товар на Буџетот и на стопанството. И втората работа е сериозната закана од инфлацијата која што веќе ни се случува. Тоа значи обезвреднување на парите. Оној кој што можел со 1.000 денари да купи нешто во декември минатата година, оваа година ќе му вредат тие пари за 200-250 денари помалку – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој денеска беше во посета на Кочани.
Тој посочи дека дека стопанството е под голем притисок и во самата општина Кочани, поради што сакале да ги сослушаат стопанствениците за да можеат да добиеме некакви предлози и идеи за преку Собранието да им се даде сериозна помош.
За да не биде ваквото бесцелост задолжување да продолжи во иднина, да оди само на нови непродуктивни вработувања или на некакви коруптивни тендери, а да нема за возраст ништо за стопанството и за граѓаните – додаде Милошоски.
Милошоски од Кочани: Тука сме да ги сослушаме маките на стопанствениците и нивните идеи – YouTube
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.