Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола за да ги испита можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола.
„На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Македонија, односно за реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката. Согласно податоците што ги сподели делегацијата на ‘Мицубиши’, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на ‘Мицубиши’ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година“, соопшти ЕСМ.
Делегацијата на „Мицубиши“ оствари средба и со претставници на Владата на Република Македонија од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.