Експлозија во најголемата хидроцентрала Вруток.
Овдека изгледа нивото на неспособност и нестручност има допрено некое ново дно.
РЕК е постојано у хаварија, јаглен и мазут немаме, сите акумулации ги оставија испразнети, сите реки ги сместија во цевки, Водно ископано без гасовод, плус крадат струја.
Видете, напрајте еден Чернобил и онака домашното производство ни е една голема нула, барем крадењето струја ќе биде оправдано.
Престанете со популизам и лажни моабети дека нешто се прави и како вистински прогресивци направете навистина нешто.
Не сте на власт ради лепота – коментира аналитичрот Ивор Мицкоски.

Попладнево беше објавена информација дека има експлозијата во ХЕЦ Вруток. Според ЕСМ избивање на осигурувач е причината за експлозијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.