Кај ни е сега струјата од мини хидроцентралите за кои државата со децении делеше субвенции?!, прашува активистот Ивор Мицковски.

Интервентен увоз на јаглен правиме, што нема да биде доволен, додека гасоводот за кој се потепаа, никаде го нема, остана само исечено Водно.
Тројно голо сме. Нема гас, ај ќе речеш скап е, се увезува јаглен, а со тоа ќе расте и загадување, без пари сме за модернизација на хидроцентралите и нема никаква струја од мини хидроцентралите.
Сега слушаме за голема инвестиција за ветерници која ќе биде готова за 6 години и ќе обезбедува 290 илјади домаќинства.
Но, шест години се далеку, а проблемот со енергетската криза е што оваа година нема ветар, па така и земји како Германија или Франција имаат 50% помало производство од ветерници.
Во меѓувреме сите акумулации се под минимум, зошто изминативе години продаваа струја ко луди, па сметајте дека ќе имаме проблем и со резерви вода за пиење и ќе страда и земјоделството.
А, тоа е четврто и петто голо, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.