ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата,пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.