Голема лага е тврдењето на Владата дека ќе се зема од богатите за да се даде на посиромашните. Тоа е само димната завеса за да им помине грабежот на народот, пљачката на народот – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор по повод 27 години Унија на млади сили.

Според него на удар ќе биде средната класа. Ќе се зема од земјоделецот, од оние на кои им капнува од некој објект кој го рентаат, од еснафите кои имаат мало дуќанче.

Сега ќе се зема од сите, а највеќе на удар ќе биде средната класа. Реалноста е дека со даноците ќе се зема повеќе од земјоделците, оние кои имаат авторски договори, оние кои заработиле некој денар од спортско обложување или игри на среќа, од оние на кои им капнува по некоја сума од некој наследен објект кој го даваат под кирија, од оние млади луѓе кои го вложуваат својот труд во високоинтелектуални работи, од еснафите кои имаат мало стопанство, дуќанче, гранапче, тезга, берберница. Ова богати луѓе ли се, да ги прашам? Одговорот е јасен, нормално дека не се, имаат просечна живеачка, ама не повеќе. За оние кои живеат од кирија на некој објект, данокот ќе се зголеми за 100 осто, ако досега плаќа на Владата по 100 евра данок, сега со повисоките даноци ќе треба да плаќа 200 евра. На земјоделците се зголемува за 50 отсто данокот. Ако некој земјоделец по основ на данок денес плаќа да речеме 150 евра на владата односно државата, сега со покачените даноци тој ќе треба да плаќа за 50 посто повеќе односно 300 евра. Ако е некој поради освоена добивка спортско обложување треба на државата да плати 500 евра данок, со новите измени на оваа влада ќе треба да и даде 50 осто повеќе, односно 750 евра. Ќе се опфатат со истита прогресија и оние кои заработуваат преку авторски договори за кој даноците се качуваат за 50 посто. А сериозен, сериозен удар ќе има бизнисот, затоа што ќе се оданочува и реинвестираната добивка која од претходната влада беше нула осто. Ова значи е нов данок, досега реинвестираната добивка не се оддаочуваше – рече Мицкоски.

Тој потсети на протестите во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се протестираше за предлог законот за покачување на даноците на оние кои имаат авторски договори.

>Се сеќавам кога минатата влада излезе со предлог на закон за покачување на даноците за оние кои имаат авторски договори, колку не само организации, невладини и таканаречени експерти се кренеа да се противат. Тогаш се увиде дека тоа е погрешно и се повлече владата. Денес кога не само авторските договори, туку се удира и по земјоделците, оние кои играат спортско обложување или друг вид на игри на среќа, оние кои живеат од кирии, истите организации и експерти молчат затоа што тогаш тие беа лажни борци за правдини, но денес најоштетени ќе останат граѓаните. Каде се сега оние кои протестираа? Има два одговора, или се под притисок, заврбувани и се плашат да изрзат слободна мисла за која се бореа, или…или пак се отселија, што е уште потрагично. Секогаш кога ќе платите повеќе во продавница, во обложувалница, на шалтерите за даноци, знајте оваа влада и Заев го направи тоа – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.