Во гостување во Дневникот на Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со планот на Владата за наводните 8 милијарди евра инвестиции, истакна дека хартијата може да трпи се.

Мицкоски истакна дека Заев е политички измамник и дека тој и власта на СДСМ за четири години немаат осум шајки заковано, а не да реализираат осум милијарди евра.

Оптоварени со многу криминал и корупција, со многу проблеми внатрешни со коишто живеат, во отсуство на реални проекти изминативе четири години, бидејќи утре е точно четири години од првата влада на СДСМ и Зоран Заев од 2017 година, во отсуство на нешто позитивно претпоставувам советниците на Зоран Заев му рекле дека ќе состават на хартија некој план, но хартијата трпи се, на неа можат да напишат и 800 милијарди, но прашањето е што е тоа логично, што е од тоа реално и што од тоа не беше содржано во тие 5 милијарди од 2019 година – појасни Мицкоски.

Тој иустакна дека за спроведување такви инвестиции, како најавените, треба да се има знаење, проекти и план, но и јасна методологија.

Секој којшто се занимава со проектен менаџмент во реалниот сектор знае дека за се реализираат осум милијарди евра треба да се има обезбедено се’, треба да се има финансиска конструкција од најмалку 50% повеќе од тие осум милијарди, тоа се дванаесет милијарди евра, поделени на шест години тоа е се две милијарди евра. Доколку Зоран Заев потроши 10% од овие пари и ги реализира, јас сум тој којшто прв ќе кажам секоја чест – вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Заев не успеaл ни 5% проценти од ветените инвестиции да реализира како капитални инвестиции, а камо ли за шест години да очекуваме да реализира 20-тина пати повеќе.

Мицкоски посочи дека се ова е една голема лага со која власта се обидува да ги прикрие тековните скандали и корупција.

Јас би го ставил премиерот Зоран Заев во групата на политички измамници, не верува никој во овие осум милијарди евра, жалам што сум толку дефетистички расположен, но гледајќи го капацитетот на овие луѓе, тој е катастрофален – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.